ДРАМА ВО КАБУЛ: Силна експлозија кај американската амбасада на годишнината од терористичките напади во САД (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Силна експлозија одекнала во Кабул во близина на американската амбасада во Авганистан.

Експлозијата се случила неколку часа по полноќ по локално време, на денот на одбележувањето на годишнината од терористичките напади на 11. септември 2001 година во САД.

Неименуван функционер на амбасадата потврдил дека се случила експлозија не наведувајќи други детали.

Ова е првата голема експлозија во Кабул откако американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку дена одеднаш ги прекина американските мировни преговори со талибанските бунтовници во Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот