Драма во „Идризово“: Затвореник расекол полицаец, едвај го совладале

Затвор Идризово / Фото: МИА

Осуденик од Тетово со иницијали М.М., кој одлежува казна во Отвореното одделение во Казнено – поправниот дом „Идризово“ утринава, околу 8:40 часот, без особена причина со ладно оружје го нападнал припадникот на затворската полиција Х.Х., кој ги извршувал работните задачи во одделението, соопшти Управата за извршување на санциите.

Во нападот, М.М. му нанел на Х.Х. повреди по телото – посекотини и набиеници.

Откако полицаецот побарал помош од дежурниот командир на одделението, кон местото се упатиле петмина негови колеги заедно со командирот, на кои, кога дошле таму, затвореникот исто така им се заканил дека ќе ги нападне ако му се доближат.

„Иако сѐ уште бил вознемирен и подготвен одново да нападне, полицајците успеале да го совладаат агресивниот затвореник, кој потоа бил издвоен во самица, за да се спречи да нападне други луѓе“, се вели во соопштението.

За повредениот затворски полицаец била повикана Итна медицинска помош од која првично бил згрижен и итно префрлен во Клиничкиот центар – Скопје, од каде по санирање на повредите е пуштен на домашно лекување.

Осуденикот бил спроведен на Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар – Скопје, од каде, по смирување на состојбата, е вратен во „Идризово“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот