Драма во домот на Лепа Брена! Боба пиел два дена без прекин па се „срушил“! (ФОТО)

инстаграм

Српските медиуми пишуваат дека итната помош морала да интервенира во домот на Лепа Брена откако на нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ му се слошило.

Српскиот Курир тврди дека „поранешниот тениски ас два дена пиел без прекин, што кулминирало со тоа што му се слошило, па се срушил на подот“.

„Боба не штеди ниту на храна ниту на пијалоци. Неодамна тој организираше дружење во просторијата за прослави која се наоѓа покрај нивната вила и целиот претходен ден тој во кујната подготвувал бројни вкусни специјалитети, по што инаку е познат. А каде што е доброто јадење, таку се и скапоцените алкохолни пијалоци“. Додека ја подготвувал гозбата, лесно полека пиел и виски. Знаејќи го како добар домаќин и фактот дека од неговиот дом никој никогаш не излегол гладен или жеден, Боба пријателите ги форсирал да јадат и пијат. И јас исто така јадев и пиев, отварајќи шише по шише“, пренесува анонимниот извор за српскиот Курир.

„Во еден момент Боба само падна на двоседот бидејќи му се слоши. Веднаш штом притрчаа присутните, тој изјави дека е добро и дека не му е ништо. Сепак, не можеше да стане. Повикавме итна помош која дојде во рок од 10 минути. Го прегледаа и констатираа дека е во лоша состојба поради алкохолот, но дека нема потреба да го носат во болница. Лепа Брена толку многу се уплаши за сопругот што почна да се гуши“, тврди изворот.

Боба веќе следниот ден бил подобар, но го поминал во кревет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот