Драма во Будимпешта: Агресивен маж прободе полицаец со нож, убиен веднаш!

Унгарската полиција соопшти дека денес во северниот дел на Будимпешта се случил сериозен инцидент при што еден полицаец е повреден, а напаѓачот е застрелан.

– На 24 декември 2020 година во 6 часот и 37 минути во Будимпешта по дојава дека агресивен маж прави врева во подземен премин во улицата Касаи, еден член на патролната единица бил прободен неколку пати од агресивниот човек со нож. Неговиот колега за да го одбрани на животот на неговиот партнер пукал во напаѓачот, кој го загубил животот на местото на настанот, се вели во соопштението.

Избодениот полицаец бил пренесен во болница, а обвинителството ги испитува околностите на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот