Драма во Босна: Три момчиња се загубиле во близина на минско поле, спасени по пет часа полициска потрага

Фото: илустрација / SINIŠA PAŠALIĆ / RAS SRBIJA

Полициски патроли и мештани тргнале да ги бараат момчињата стравувајќи да не залутаат во минските полиња во тоа подрачје.

Вистинска драма се одвивала ноќта меѓу средата и четвртокот во Модрича, Република Српска кога родителите пријавиле исчезнување на три момчиња на возраст од 14 години, кои се изгубиле во блиската шума.

Благодарение на навремената реакција на полицијата и многу доброто познавање на теренот, по речиси петчасовна потрага момчињата се пронајдени и спасени.

Дополнителен проблем претставувало тоа што во близина на местото каде исчезнале се наоѓа минско поле, па сите биле во страв децата да не тргнале во тој правец.

Момчињата кои биле училипни другари во попладневните часови отишле на излет, но наместо да тргнат по стандардниот пат кој го знаеле, решиле да скратат низ шумата, но тој пат не го познавале.

Оделе така едно време низ шумата додека не сфатиле дека се изгубиле и не можеле да го најдат вистинскиот пат до дома.

Тогаш едното момче му се јавило на таткото и му рекло дека се изгубиле и дека не знаат да се вратат. Таткото веднаш ја алармирал полицијата, соседите и почнала потрагата.

Полициски патроли и мештани тргнале да ги бараат момчињата стравувајќи да не залутаат во минските полиња во тоа подрачје.

Таткото постојано му ѕвонел на синот за да праша каде се наоѓаат, што гледаат, но се губел сигналот. Кога рекле дека поминале покрај далновод, таа информација била клучна за нивното наоѓање. Набрзо потоа децата се пронајдени и спасени.

Наврнати од дождот, преплашени и за среќа без повреди се пронајдени еден час по полноќ и вратени кај родителите.

Случајот, велат од полиција е поука за сите деца па и возрасни да се движат само по одбележани патишта и да не сечат низ шума или терен кој не го познаваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот