Драма во Белград: Полицајци бркале 12-годишно момче кое понело пиштол во своето училиште

Според информациите од српските медиуми, ова не е првпат Л.Ќ. (12) на часови да дојде вооружен.

Ученик од шесто одделение во основното училиште „Владислав Петковиќ Дис“ во местото Велики Мокри Луг во близина на Белград, вчера вооружен влегол во училишната зграда и со пиштол во раката замавнувал на сите страни, поради што полицајци го бркале од училница во училница. За тоа време, соучениците и наставниците биле во шок, пишува српски „Блиц“.

Според информациите од српските медиуми, ова не е првпат Л.Ќ. (12) на часови да дојде вооружен. Инцидентот се случил вчера во 7.30 часот, додека другите ученици влегувале во училишната заграда за полеток на наставата.

– Момчето по влегувањето извлече пиштол од облеката и започна да вреска и да замавнува со оружјето. Децата кои веќе беа во училницата се преплашија. Неколку наставници веднаш излегоа од зградата и ги спречија другите ученици да влезат, а некој од нив имаше повикано и полиција – вели еден граѓанин кој ја носел својата ќерка на училиште.

Прочитајте и...  Столе Попов добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм", Јануш Зигмунд Камински на „Златна камера 300"

На местото на настанот пристигнала и полициска патрола, по дојава дека вознемирено момче со пиштол во рака ги плаши соучениците.

– Тогаш се создаде вистинската драма, бидејќи момчето започна да бега низ училиштето, а полицајците го бркаа како на филм. Ученикот буквално трчаше од училница до училница, а по 10 минути тие успеаја да го стигнат, го совладаа и му го одземаа пиштолот. Драмата се заврши по речиси половина час – наведува сведокот и додава дека никој не знае зошто момчето се одлучило да го направи тоа.

Друг родител додава дека ова не е првпат момчето да прави инциденти во училиштето.

– Момчето и претходно носеше пиштол во училиштето и предизвикуваше инциденти. Веројатно нема да одговара поради своите години, но мора да му се застане на патот – истакна загрижен родител на ученичка од ова училиште во Велики Мокри Луг.

Прочитајте и...  Осуда од грчката влада за насловната страница на грчки весник со погрдни зборови за Ердоган

Српските новинари вчера се обиделе да стапат во контакт со училиштето во Велики Мокри Луг за да добијат информации за тоа што се случило, а оттаму само кратко одговориле дека поради испадот на ученикот е свикан итен состанок.

Прочитај повеќе

Регионални избори во Италија и референдум за кратење на бројот на пратеници од 945 на 600

Слободен печат

Анализа на причините: Раст на процентот на позитивни случаи од ковид тестовите од 6,5 на 8

Слободен печат

Метео: Утринските температури до 13 степени, сончево и топло преку ден

Слободен печат

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Словенија наложи задолжително носење маски и на отворено

Маријана Митровска

Анализа: Во партијата на Вучиќ членува секој деветти граѓанин на Србија, неспоредливо со партијата на Путин

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Уапсени 10 полицајци во рација за нелегални казина во Косово

Маријана Митровска

Нема смртни случаи денеска во Хрватска, но бројот на заразени расте

Слободен печат

Голем шумски пожар беснее на планината Стогово

Слободен печат

Пакет со смртоносен отров адресиран до Трамп

Маријана Митровска

Бројот на случаи во Турција надмина 300 илјади, лекарите се сомневаат во официјалните бројки

Маријана Митровска

Столе Попов добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм”, Јануш Зигмунд Камински на „Златна камера 300″