ДРАМА ВО БЕЛГРАД: Полицаец се заклучил во стан и се заканува дека ќе пука – Слободен печат
ВестиРегион

ДРАМА ВО БЕЛГРАД: Полицаец се заклучил во стан и се заканува дека ќе пука

Пред зградата моментално се присутни екипи на полицијата и пожарникари, а преговарачки тим се обидува да воспостави контакт со мажот.

На улицата „Војвода Влаховиќ“ во Белград се случува голема драма. Маж (42) се заклучил во својот стан по бурна расправија со сопругата и се заканува дека ќе пука.

Пред зградата моментално се присутни екипи на полицијата и пожарникари, а преговарачки тим се обидува да воспостави контакт со мажот.

Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за полициски службеник, кој во себе го има службеното оружје. По расправијата со сопругата, таа и нивниот син избегале од станот.

Станарите велат дека забележале дека нешто не е во ред откако забележале дека неговата сопруга трчала боса низ зградата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close