Драма во банка во Сараево: Полицаец пукал во самоодбрана

Денес во филијала на НЛБ банка која се наоѓа во центарот на Сараево се случил инцидент, полицаецот кој интервенирал бил нападнат. Тој во самоодбрана го ранил напаѓачот.

Според информации од полицијата на сараевскиот кантон драмата се случила денес нешто пред 15 часот.

– Вистина е, вработените во НЛБ банката побараа полициска интервенција по инцидентот. Полицаецот употребил огнено оружје за да се одбрани и пукал во напаѓачот, кој потоа бил однесен за да добие лекарска помош – потврди Мирза Хаџиабдиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

Сараевската полиција е на местото на инцидентот, а повеќе информации ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот