ДРАМА ВО АВИОН НАД ЛАМАНШ: Само што полетале пилотите побарале да се вратат, се уште чекаат во воздух - Слободен печат
ВестиПланета

ДРАМА ВО АВИОН НАД ЛАМАНШ: Само што полетале пилотите побарале да се вратат, се уште чекаат во воздух

Авионот нагло почнал да пропаѓа, а за девет минути се спуштил дури три километри пониско.

Авионот на летот од Лондон до Бенгалор, прогласил вонредна состојба само 14 минути после полетувањето, а веќе еден час кружи над Ламанш, чекајќи одобрение за да се врати на аеродромот.

Авионот нагло почнал да пропаѓа, а за девет минути се спуштил дури три километри пониско.

Леталото го напуштило аеродромот Хитроу во 15:30 часот по локално време, а пилотот набрзо побарал дозвола за да се вратат.


Иако сè уште не е познато зошто дошло до тоа, се сомневаат дека пилотот и копилотот ставиле маски за кислород.

Инаку, станува збор за Боинг 777, кој требало да полета во 14:15 часот по локално време, но полетувањето е одложено за нешто повеќе од еден час.

Не се знае ни поради што е одложено, а се чека официјално соопштение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close