Драма во авион: Мораше принудно да слета на Крф, патник збеснал во текот на летот

Поради патник кој предизвикал проблеми, патнички авион од Турција за Велика Британија, синоќа принудно слетал на аеродромот на грчкиот остров Крф, објавија локалните медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, во авионот имало над 200 патници, а за време на летот, конкретниот патник удирал по вратите и прозорците, викал и создал проблеми, по што пилотот решил принудно да слета на Крф.

Патникот бил симнат од авионот и уапсен, а летот продолжил кон крајната дестинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот