Драма во Албанија: Крадци влегле во дом на бизнисмен, го силувале и му го исекле прстот

Албанска полиција/ Фото : SOCIAL MEDIA / EAST2WEST NEWS / PROFIMEDIA

Албанскиот бизнисмен Назми Чангу бил сексуално злоупотребуван и неговиот прст бил отсечен за време на грабежот во неговиот стан во градот Фуш Круја. 

Чангу рекол дека 10 маскирани лица го врзале при грабежот, кога од станот му биле украдени 8.000 евра и се останато што имало во сефот, вклучително и злато, пренесува албански Политико.  

Вкупната вредност на предметите и парите кои се украдени се проценува на 100.000 евра. Бизнисменот во соопштение за медиумите изјави дека бил врзан и силуван од разбојници.  

„Ми го отсекоа прстот со ножици“, изјави тој и посочи дека еден од насилниците бил облечен во полициска униформа.  

Неговата ќерка изјавила дека мислела дека татко и е мртов кога го видела облеан во крв. Според албанскиот дневен весник, Чангу рекол дека крадците имале две автоматски пушки и пиштол со придушувач. 

Видео на денот