Драма со среќен крај во Белград: Полицијата спаси човек кој три часа се закануваше дека ќе скокне од зграда

Фото: Принтскрин/Курир ТВ

Маж на 30-годишна возраст неколку часа се закануваше дека ќе скоке од зграда во Белград. Полицијата, која според информациите на локалните медиуми пристигнала на местото на настанот, преговарала со човекот и го разубедувала да не си го одземе животот.

На местото на настанот стигнала и противпожарна единица, која со специјални скалила се упатила кон местото од каде човекот се заканувал дека ќе скокне, а пред зградата се собрала и поголема бројка на луѓе. Во толпата луѓе била и мајката на човекот, која била видно вознемирена, пренесува српски „Курир“.

Сепак, драмата се завршила среќно, бидејќи полицијата успеала да го наговори мажот да се спушти од работ на терасата кадешто седел, а потоа да тргне со лекарите. Иако видно незадоволен и вознемиерн, човекот се обидувал да се оттргне од лекарите, но тие успеале да го внесат во возилото и да му ја пружат неопходната помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот