ДРАМА ПО СТРАШНОТО ЗЛОСТОРСТВО ВО КЊАЖЕВАЦ: Роднините и соседите се закануваат дека ќе ја демолираат куќата на убиецот!

Фото: Курир.рс

Роднините и соседите на убиените Јастреб Асановиќ (38) и Иван Рониќ (19) од Књажевац, Србија, најавија дека ќе ја демолираат куќата на убиецот Ненад Рониќ (63), пренесува Курир.рс.

Полицијата веднаш реагирала, па едно полициско возило веќе е паркирано пред куќата на Ненад, која инаку била празна, пренесува споменатиот српски медиум.

За потсетување, Ненад синоќа ги уби зетот Јастреб и внукот Иван, а тешко ја повреди снаата Романа (20) и другиот внук во дворот на семејната куќа во Књажевац.

Злосторството, како што дознава Курир, се случило поради кавга меѓу Иван и неговиот братучет К.Р. кој Иван го претепал, по што лицето К.Р. му се пожалило на Ненад, а тој потоа ја земал пушката и го започнал крвавиот настан.

Рониќ по страшното злосторство ја фрлил пушката во дворот и побегнал во непознат правец, но полицијата потоа го уапсила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот