ДРАМА НА ПАТ: Два грома СКОРО ИСТОВРЕМЕНО удриле во џип (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Жена од Русија само чудо ја спасило да остане неповредена по два истовремени удари од гром во нејзиниот џип.

Спектакуларниот „огномет“ на патот го снимила камера на возилото кое се движело назад, додека се приближувале на семафор во Новосибирск. Моторот на автомобилот Тојота моментално запрел, а без разлика на силниот удар, возилото не се запалило.

– За момент ослепев и грчевито го грабнав воланот. Се случи толку брзо – ја раскажува траумата Галина Ершова, која била во возилото што снимало.

Никој од возачите околу не застанал по ударот, но за среќа ниту патниците, ниту жената зад воланот не биле повредени. Возилото на крај било одвлечено од шлеп-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот