ДРАМА НА АВТОПАТОТ НИШ-БЕЛГРАД: Српски полицајци спасиле живот на девојче од Македонија

Фото: Влада Шпорчиќ/курир.рс

Возачи на автопатот Ниш – Белград ја алармирале сообраќајната патрола на српската полиција дека помеѓу Умчар и Мал Пожаревац забележале човек како држи дете во рацете и се обидува да го освести. Патролата со ротација возејќи во контра насока во лентата за застанување стигнала до местото на настанот, го зела детето и веднаш се упатила кон Белград, а во меѓу време побарала и помош од Итната медицинска помош која ги пресретнала, пишува српски „Курир“.

Според истиот извор, девојчето, инаку македонска државјанка на возраст од 9 години, најверојатно имало епилептичен напад. Благодарение на присебната интервенција на полицијата тоа за среќа на време било донесено во Универзитетската клиника „Тиршова“ каде било соодветно згрижено.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот