Драма на автопатот Демир Капија – Неготино

Возачите на возилата побегнале од местото, а во непосредна близина на местото биле пронајдени 19 мигранти кои потврдиле дека се возеле со двете возила, велат од полицијата.

Две патнички возила на автопатот Демир Капија – Неготино возеле во спротивна насока и направиле сообраќајна несреќа со трето возило. Полицијата при увидот пронашла мигранти.

Вчера околу 21.30 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, кај село Тремник, се случила сообраќајна незгода во која возило „ауди“ и возило „мерцедес“ управувани од засега непознати возачи (кои возеле во спротивен правец), удриле во патничко возило „опел корса“ со неготински регистарски ознаки, управуван од С.Ѓ.(1962) од Неготино.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила В.Н.(53) од Неготино, сопатничка во возилото „корса“, која била пренесена во болницата во Неготино за укажување на лекарска помош. Возачите на возилата побегнале од местото, а во непосредна близина на местото биле пронајдени 19 мигранти кои потврдиле дека се возеле со двете возила, велат од полицијата.

Прочитајте и...  ТРАГЕДИЈА: 28-годишно момче се удави во езерото „Младост“

Додека бил вршен увид на местото, околу 1.15 часот, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, не застанало на две патроли, удрило во возилото „опел корса“ и продолжило со движење, а по еден километар возачот застанал и го оставил возилото и со патниците побегнале.

Прочитај повеќе

ТРАГЕДИЈА: 28-годишно момче се удави во езерото „Младост“

Слободен печат

Во Ерџелија приведени неколку лица осомничени за изборен поткуп

Слободен печат

Пожар кај неготинската депонија, од Комуналец се сомневаат дека е подметнат пред избори

Слободен печат

Во Куманово пронајден починат 22-годишен мигрант

Слободен печат

Приведени „диви тркачи“ од скопските улици

Слободен печат

Скопјанец починал откако се повредил работејќи во дворот на својата викендичка

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Кумановка натепана од својот сопруг

Слободен печат

Работник на ЕВН паднал од електричен столб, со тешки повреди пренесен е во болница

Слободен печат

Поради отказ се заканувал дека ќе ги „дигне“ во водух автобусите и вработените во туристичка агенција

Слободен печат

Уапсени крадци на велосипеди во Скопје

Загина совозач на патот Велес-Прилеп

На патот Брвеница-Тетово повреден велосипедист од моторџија кој го напуштил местото на инцидентот

Слободен печат