ДРАМА НА АЛЈАСКА: Авион со пливачи се лизна од пистата! (ФОТО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

ДРАМА НА АЛЈАСКА: Авион со пливачи се лизна од пистата! (ФОТО)

Шефот на националниот одбор за безбедност на Алјаска, Клит Џонсон, нема информација дали има настрадани.

Патнички авион со 38 патници вклучувајќи членови на средношколски пливачки тим, се лизна од пистата во обидот да слета на аеродромот во градот Уналаска, Алјаска, во близина на Беринговото Море.

Неколку лица биле пренесени со брза помош, а службеник од училиштето изјавил дека членовите на тимот за пливање се добро и по инцидентот заминале да јадат пица.

Според АП, инцидентот се случил во четвртокот околу 5 часот наутро по локално време на Алеутските острови.

Шефот на националниот одбор за безбедност на Алјаска, Клит Џонсон, нема информација дали има настрадани.

Според портпаролот на Федералната управа за авијација, Ален Кенисер, локалните власти пријавиле дека во авионот дека покрај патниците, имало и тројца членови на екипажот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close