Драма на аеродромот во Цирих: Сестрата на Наташа Беквалац вратена во Србија

bekvalac
Фото: Принтскрин / Instagram

Сестрата на Наташа Беквалац, модната креаторка Кристина Беквалац, пред неколку дена доживеала вистинска драма на аеродромот кога наместо новиот пасош, по грешка го понела со себе стариот, пишува „Блиц“ повикувајќи се на „Информер“.

Имено, Кристина уредно ги спакувала куферите и се подготвувала да летне за Шпанија, заедно со Наташа, кога наводно била вратена од аеродромот затоа што зела стар пасош кој бил истечен од пред една година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Поради тоа, припадници на швајцарската полиција ја одделиле од линијата за пријавување и ја задржале, а потоа ја вратиле во Белград со првиот лет, додека поп-ѕвездата го продолжила своето патување до егзотичниот остров во Шпанија.

 

„Кристина и Наташа тргнаа кон Ибица за Наташа да снима видео спотови за новите песни. Целиот тим на пејачката беше со нив. Заедно се качија на авион на аеродромот „Никола Тесла“, но кога слетаа во Цирих, при пасошка контрола забележаа дека пасошот на Кристина истекол пред една година. Тогаш настана хаос!“, вели добро информиран извор за „Информер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Беквалац потоа се вратила дома, го зела својот нов пасош и заминала на Ибица.

„Полицајците беа шокирани, се прашуваа како успеала воопшто да полета од Белград. Веднаш ја однесоа во посебна просторија за распит и дури тогаш таа сфатила што всушност се случило. Им објаснила дека има нов пасош, но дека набрзина го зела стариот и ги прашала дали може да го скенира и да им го испрати. Тие одговориле дека не доаѓа предвид и дека мора да ја задржат и да ја вратат назад во Србија“, открил изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Bekvalac (@kristinabekvalac)

Имено, Наташа го продолжила своето патување со останатите, додека Кристина поминала часови на аеродромот во Цирих.

„Кристина чекаше три часа за летот кон Србија и плачеше. Беше бесна на себе затоа што направи општ хаос. Само што пристигна во Белград, го зеде новиот пасош и купи нови авионски билети“, додава изворот.

Кафе со синчето, па ако е судено ќе се вратам назад кај бандата во Ибица на снимање“, напиша Кристина во описот на фотографијата што ја сподели на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Bekvalac (@kristinabekvalac)

Кога по два дена повторно тргнала на пат кон Ибица, таа на својот инстаграм-профил напиша: „Кој нема во главата, има во нозете“, шегувајќи се на своја сметка.

Дури и Наташа ја задеваше, па во описот на неколку фотографии кои ги сподели од егзотичните плажи напиша: „Сите сме тука, само чекаме Кристина Беквалац да излезе од притвор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот