Драма кај Земун, избегнат судар на два воза

Фото: Принскрин/Курир.рс

На линијата Белград – Нови Сад денеска се случи драма. За малку е избегната трагедија на станицата Земун кога два воза застанале еден спроти друг на 20 метри. За среќа немало судар, а нема ни повредени. Како што изјавил еден патник за Курир, патниците во возот во кој се наоѓал го почувствувале само наглото сопирање, но никој воопшто не е повреден.

– Патниците беа навистина исплашени бидејќи имаше многу деца, а ќе беше огромна трагедија доколку не успееа да застанат навреме – вели соговорникот и додава:

– Еден машиновозач не застанал на црвеното светло на семафорот, како што слушнав, и влегол во лентата каде што веќе се движел воз од спротивната насока- вели за „Курир“ патникот.

Патниците биле задржани во возовите околу еден час, за да направат записник, а потоа од таму заминале пеш. Полицијата и комисијата од Српските железници се уште се на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот