ДРАМА: Црногорската полиција апси политичар качен на неговиот автомобил (ВИДЕО)

Црногорската полиција со голема мака го уапси политичарот Марко Милачиќ, претседател на партијата ,,Права Црна Гора”.

Тој бил уапсен денеска околу пладне во центарот на Подгорица ,а апсењето почна откако полицијата го запрела неговото возило, во кое имало реквизити за перформанс пред Врховното обвинителство на Црна Гора.

Откако дојде пајак за да му го тргне автомобилот, Милачиќ се качи на него, а потоа и на покривот на партиското возило, од каде одржа „посмртен говор“ за Обвинителството и за „мртвото црногорско судство“.

Полицајците го повикуваа политичарот да се симне, па откако одби, самите се качија на автомобилот и го уапсија.

 

Publiée par Vijesti sur Mercredi 18 septembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот