Драгослав Копачев, невропсихијатар: Оценувањето создава конформистички личности

Оценката како болест

„Оценувањето го одложува правовременото живеење на детето за некои други времиња и на тој начин ги има истите карактеристики како и болеста што го оттргнува детето за извесен период од неговото активно живеење“, смета проф. Драгослав Копачев, невропсихијатар.

Мислите дека учениците не треба да се оценуваат?
– Да, така мислам. Затоа што оценката врши одбирање и класирање на учениците, ја одбележува личноста на ученикот, ја гуши љубопитноста и креативноста на детето, го спречува созревањето, самореализацијата и создава конформистички личности. Оценката ги руши идентификационите модели и изградбата на сопствен идентитет, и секако, доделува полтронски улоги. Оценката знае да биде и причина за отуѓеноста на детето, поради неа се јавува стравот, отфрленоста, беспомошноста, па дури и депресивноста. Погрешно е мислењето дека одличниот успех на ученикот е гаранција за добивање на вистински стручњак во иднина. Треба да се обрне посебно внимание токму на оние деца кои ги одбележуваат како фантазери, сонувачи, отсутни, необични, хиперактивни, на кои часот им е здодевен и празен. Се прашувам, дали еден Тесла, на пример, или Ајнштајн или Моцарт, доколку учеа во овој наш образовен систем, ќе требаше да се најдат во некои од посебните училишта. А амбициите на родителите, исто како и оценувањето, претставуваат извор на болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот