Драгиот почитуван лидер поткривнува: „Ким го жртвува и своето тело за победата“

Истенчениот Ким во посета на фабрика за муниција на 28 јануари - Фотографија ЕПА, КЦНА

Нов документарен филм на севернокорејските власти ја слави „победата“ на комунистичкиот водач Ким Џонг-ун, но и го прикажува Драгиот почитуван лидер како поткривнува, што отвора низа прашања за здравствената состојба на „маршалот“ што командува и со долгострелни проектили и нуклеарен арсенал.

Филмот „2021: Великата година на победата“ е 110-минутна хроника на достигнувањата на Ким додека ја води земјата низ „период на големи предизвици“ поради пандемијата на коронавирусот и економските последици од меѓународните санкции.

Во една сцена јасно се гледа како Ким со тешкотија се качува на скали на градилиште, при што нараторот објаснува: „Оваа снимка сведочи дека тој целосно го посветил своето тело за да ги оствари соништата на народот“. На снимките се гледа и дека Ким е значително послаб, за што сведочат и неодамнешните фотографии во државните медиуми.

За култот на величање на лидерот се вклучени сцени како тој гледа во изгрејсонце и како јава бел коњ на плажа, а прикажан е и како разговара со високи офицери, надгледувајќи вежби на тенкови.

Севернокорејските воени сили ги зачестија лансирањата на проектили од разни дострели – само во текот на јануари спроведоа најмалку седум тестирања. Документарецот содржи снимки од лансирања, но „предизвиците“ со кои се соочуваат жителите не се детално објаснети. Северна Кореја официјално не потврдила ниту еден случај на коронавирус и строго ги затвори границите за да се изолира и од пандемијата. Снимките на нова 80-катница и голем станбен блок се толкуваат како обид за разбивање на шпекулациите дека граѓаните на Северна Кореја тешко се погодени од последиците на санкциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот