„Драги соседи, вечерва ќе има забава“: Еве брилијантна идеја како да го подмитите комшилукот (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Со комшилукот секогаш треба да бидете фини, бидејќи никогаш не се знае кога ќе ви затребаат јајца, масло, шеќер или пак рака за спас во итните случаеви. Но, понекогаш комшилукот треба и да го подмитите за ваше добро.

Во влезот на една зграда во Белград, еден станар наместо да стравува од соседите дека ќе викнат полиција поради прегласна музика, се водел по девизита – подобро да спречиш, отколку да лечиш. Го решил случајот на многу едноставен и симпатичен начин.

Фото: Фејсбук

– Драги соседи, во четврток на 10 октомври ќе биде органзирана забава во мојот стан по повод роденден. Однапред ви се извинуваме за можната бука и ви се заблагодаруваме за разбирањето. Во знак на благодарност, мал знак на внимание. Пријатно.

Некои од соседите веќе се послужиле и сигурно дека тие нема да викнат полиција, а за останатите ќе дознаеме еден ден по забавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот