Драги по средбата со Рама во Рим: Ја поддржуваме Албанија на секој сантиметар од нејзиниот пат кон ЕУ

Марио Драги
Марио Драги / Фото: EPA-EFE/FILIPPO ATTILI

Шефот на италијанската Влада, Марио Драги, на прес-конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама, кој е во официјална посета на Рим, повтори дека ќе ја поддржува Албанија на секој сантиметар од нејзината надворешна политика, пренесува Топ чанел.

Драги оцени дека билатералните односи со Албанија се на високо ниво, нагласувајќи дека нема потреба од зборови, туку само зацврстување на истите.

– Италија е блиску до Албанија во сè, на секој сантиметар од нејзината надворешна политика, во однос на приближувањето на Албанија кон Европската унија. Италија внимателно го следи усогласувањето на албанските стандарди со оние на Европската унија и ќе продолжи да го прави тоа. И за Италија и за Албанија е многу важно за стабилноста на Балканот бидејќи не само што би се случил процесот на влез на Албанија во Европската унија, туку и ако се земе предвид влезот на другите балкански земји, изјавил меѓу другото Драги.

Премиерот Еди Рама се фокусираше на процесот на интеграција, велејќи дека ЕУ и Западен Балкан не можат да одат по две посебни патеки.

– Она што ќе му се случи на европскиот Балкан, добро или лошо, има влијание врз Европа, а надвор од оваа внатрешна граница се шест земји во срцето на ЕУ. Албанија е мала земја во развој, но мора да се најдат начини да се зајакне овој однос бидејќи е добар за двете земји. Сакав лично да го научам овој процес на европска интеграција на тие земји и нивната внатрешна политика со проширувањето. Ова го правиме како дел од долгот што го должиме кон помладите генерации. Проширувањето е сон на сите нас, рекол Рама

Рама побарал, како што изјави, забрзување на признавањето на пензиите на Албанците во Италија, како и унапредување на соработката во повеќе области.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот