Драгана Ристова е новиот тренер на ЖРК Куманово

Драгана Ристова има нов тренерски предизвик/Фото: facebook.com/rakometnaakademijarkvardar/

Драгана Ристова е поранешна репрезентативка на Македонија и има настапувано во РК Скопје, РК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Будуќност Подгорица (клуб со кој го има освоено Купот на победниците на куповите).

Играчката кариера ја заврши во ЖРК Вардар, каде што подоцна ја започна тренерската работа.

Изминатите неколку сезони успешно го водеше првиот тим на ЖРК Вардар. Воедно е носител на мастер тренерска лиценца.

Во стручниот штаб на ЖРК Куманово уште ќе бидат Сашо Божиновски-тренер на голмани, Славиша Димитријески-помошен тренер и Воја Ангеловски физиотерапевт.

Од претходно се знае дека кумановки ќе играат во Европскиот ЕХФ Куп, а противник во второто коло ќе им биде израелскиот Макаби Рамат Ган. Натпреварите ќе се одиграат на 8/9 октомври, а реваншот е на 15/16 октомври 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот