Др.Момировска: Размислете кои ви се критични точки во денот да се заразите, направете си заштита и зајакнете ја

Ана Момировска фото фејсбук

Размислете кои ви се критични точки во денот да се заразите. На тие точки направете си поголема заштита и размислете си како да ја зајакнете. Тоа е обично на работа, дома или со пријателите, пишува во својата Фејсбук објава  д-р Ана Момировска.

-Два дена пред да качи температура бил на состанок со шест вработени, на една маса без многу големо растојание. Сите вакцинирани Весна, Блага, Мустафа, Кокан, Раде итн. Никој од нив не прележал. Асан не носи маска. Другите носат но додека се пие кафето се вади маската и кај другите и не се внимава. Еден ден пред да пројави симптоми цел ден се во кола со уште еден колега кој е и прележан и вакциниран со Фајзер. Не носеле маски во кола цело време.

Клиничката слика кај Асан е со температура болки во уво, синуси, течење нос, болки во тело. Ниеден од состанокот не се заразил. Колегата од кола исто не се заразил. Но ја заразил жена му која не била вакцинирана и немала прележано. Значи колегата од кола можно е да пренел дома. За жената информацијата е дека не излегувала многу од дома. Асан има средно тешка клиничка слика, но веќе пребродува, за среќа.

Колегата од кола имал антитела Ѕ од вакцина и сите други врсти антитела од прележување. Сето тоа помогнало да не се зарази. Но најверојатно бил контаминиран со вирусот во кола и го однел дома. Овој бран се очекува да биде силен, но краток. Месец, два. Размислете кои ви се критични точки во денот да се заразите. Тука, на тие точки направете си поголема заштита ако може. Тоа е обично на работа, дома, со пријатели. Во кола. Размислете како да појачате заштита. Вакцинираните се инфицираат, да нема забуна. Но полесно поминуваат. вакцините ги заштитиле сите од состанокот иако не се носеле маски прописно. Секој може да го пренесе вирусот и вакциниран и прележан и непрележан. Да сме живи и здрави сите! И овој ребус од вирус ќе се реши. Но пред се , можеме сами да си помогнеме и да се заштитиме, пишува Момировска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот