Др. Караџоски: Ќe ја начекаме „корона“ уште при влез во Македонија

Ако ме прашувате за Северна Македонија и дали сме во ризик, мојот одговор е не, вели др. Караџоски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Во однос на светските сознанија заклучно денешниот ден (29.01.2020) СЗО во брифингот вчера попладне го оцени кинескиот „Вухам синдром“ или кинеското заболување во градот Вухам, коронавирусот на највисок степен односно степенот го подигна на ниво „Alert“. На оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говори епидемиологот, д.р Жарко Караџоски.

Вухан, Пекинг и Кина се ставени во корднон односно коридор од кој што многу тешко се излегува, а уште потешко се излегува. Во пракса тоа значи – прекинување на заразата за да може таа да се стопира.

– Сознанијата говорат дека има над 4.500 заболени и околу 106 умрени лица. Бидејќи алертот е на највисоко ниво целиот свет се ангажира да стапи согласно на СЗО препораките во надзор и претпазливост. Ако ме прашувате за Северна Македонија и дали сме во ризик, мојот одговор е не. Во моментов не сме во опасност од проширување на вирусот во нашата држава. Добро е што ги преземаме сите мерки бидејќи се наоѓаме во сезона на респираторни болести, па народот мора да направи дистинкција помеѓу грип и грипозни состојби и Корона вирусна инфекција, бидејќи овој вирус се манифестира како лесна, средно тешка и тешка форма па затоа мора да се каже следново: Бидејќи има 4.500 инфицирани и хоспитализирани, зошто нема 4.500 смртни случаи? Одговорот е дека кај сите болеста не е манифестирана исто, односно потешка клинична форма има кај оние лица кои имаат уште некое, понекогаш малигно заболување, лица со оштетување на некои органи и системи кои го ослабнуваат имунитетот. Тие лица ако дојде грипот кај нив потешко ќе го прележат- вели во „Утрински брифинг“ епидемиологот, д.р Жарко Караџоски околу денешната ситуација во Македонија и светот околу вирусот Корона.

Заболувањата, причините за коронавирус, вели др. Караџоски, може да се манифестираат преку Корона мерс вируси, односно вируси на арапскиот подконтинент, односно заболувања од диви и домашни животни кои таму се чуваат и одгледуваат.

– Го имаме и Сарсот од истата група на заболувања. Значи матичната група е Корона вирус, а таа има подвидови. Сарс се манифестираше со голем морталитет со 796 смртни случаи. И едниот и другиот се опасни за човештвото, можат многу лесно да се пренесат. Не е контактен тип од типот кожа со кожа, туку контаминирана со слузница, дури и преку слузница на очи. Значи некој мора да кашла и да кива и да се поздравува со некој за да се пренесе- вели д-р Караџоски.

Затоа, одржувајте ја личната и колективната хигиена, мијте ги рацете повеќе пати во тек на денот, порачува д-р. Караџоски.

-Мијте ги рацете оној момент кога ќе се поздравувате со некого, кога ќе ви кива и кашла, односно бидете на растојание од 1,5 метар. Тоа се доволни превентивни мерки за грип. Но состојбата со контаминацијата на нашата животна средина, заедно со контаминацијата на рацете е иста и за едното и другото – се пренесува по респираторен пат. Одредени вируси доволно е да дојдат до нашите раце, нашата кожа и слузницата на очите за да се пренесат.

Согласно препораките на СЗО, Европскиот центар за мониторинг на заразни заболувања уште од времето на ебола вирусот имаме направено алгоритми, вели др. Караџоски, односно патеки на движење на лица кои се „сомнителни“ на одредено заболување и одредени мерки активности кои треба да ги преземе превентивната и колективната служба.

– На аеродромот Скопје има две простории т.н изолација, во која што сомнителните луѓе при влез во нашата држава преку точка на влез во државата, point of entry, го дочекува термалната камера, која што е сигурна до таму што ако човек има 38 степени температура таа ќе го покаже. Круцијалното прашање е од каде доаѓаат тие патници и од каде е летот. На аеродромот имаме стручна екипа епидемиолози, медицински техничари на аеродромот- вели Караџоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот