ДПМ: Плакета „Даница Ручигај“ за поетесата Билјана Станковска

Плакетата „Даница Ручигај“, што се доделува на писателка-членка на ДПМ за стихозбирка објавена во тековната година, а во чест на македонската поетеса Даница Ручигај, која трагично го загуби животот во скопскиот земјотрес во 1963 година, оваа година ѝ се доделува на поетесата Билјана Станковска за стихозбирката „Пукнатина во светлината“.

Селекторката Виолета Танчева-Златева во своето образложение за изборот, меѓу другото, истакнува дека „стихозбирката е составена од 31 песна обединети во три мотивско-тематски структурирани циклуси – Одблесоци, Пукнатини и Длабочини, кои функционираат како цврсто конципирана творечка целина. Низ нив, во стилски беспрекорни песни, таа ја воспева, ја дише и ја болува светлината во сите нејзини појавни облици и еманации – и во природата и во човековата душа – со што оваа книга израснува во своевиден календар на светлината“, известија од ДПМ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 58, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 28-29 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот