ДПК: Ставот на Курти дека нема преговори се претвори во дијалог за автономија на северот на Косово

Албин Курти
Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Вршителот на должност претседател на Демократската партија на Косово (ДПК) Енвер Хоџај оцени денеска дека премиерот на Косово Албин Кутри, од ставот дека нема преговори и дека самоопределувањто е единствено решение за Косово, сега дојде во ситуација да разговара за „автономија“ за Србите на северот на Косово.

Реагирајќи на изјавата на Курти во Брисел дека дијалогот со Србија би можел да продолжи во јуни, Хоџај рече дека на разговорите оди „без платформа и стратегија“.

„Со неговата потврда за повторното воспоставување на дијалог со Србија, Албин Курти денеска си турна целото свое политичко наследство против преговорите на Косово и Србија. Курти го продолжи дијалогот во Брисел без воспоставување на реципроцитет со Србија и без платформа или стратегии“, рече тој.

Според неговите зборови, Курти во Брисел се договорил да започне преговори за автономија на Србите на Косово.

„После (паролата) без преговори – Самоопределување, Курти во Брисел се согласи да влезе во преговори за автономија на Србите на Косово и да го поништи планот на (специјалниот посредник на ОН Марти) Ахтисари, кој овозможуваше независност на Косово. ДПК како државотворна партија ќе се спротивстваи на било која идеја која сака да ја урне државата Косово и уставниот поредок. Во Брисел би требало да се разговара само за взаемно признавање, за ништо друго“, рече Хоџај.

Од друга страна, и опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) побара „проактивен“ пристап и сериозна подготовка на владата на Косово за дијалог, наместо да одговара на барањата и темите со кои се служат други.

Членот на Претседателството на ДСК, Теута Сахатчија побара од владата многу активно да одлучува за дневниот ред, принципите и начинот на продолжувањето на дијалогот со Србија.

„Владата на Курти мора да што побрзо да ги подготви принципите врз основа на кои дијалогот треба да се води. Владата мора во Собранието на Косово да добие согласност за принципите на дијалогот. Владата тоа не го направи, и тоа го отвара патот за шпекулациите како оние со „нон-пејперите“. Очекуваме дека институциите остро ќе се спротивстават на тие документи и дека нема да молчат за тие теми“, рече таа.

Соред нејзините зборови, сите институции на Косово треба „силно“ да се спротивстават на таквите документи.

„Сметаме дека Косово треба да има многу проактивна улога, не да одговара на барањата или темиите кои се сервираат, тука многу активно да одлучува за дневниот ред и начинот на кој дијалогот продолжува“, рече таа и додаде дека Курти треба да биде „потранспарентен“ во поглед на процесот на дијалот и да ги воспостави основните принципи, а тоа се зачувување на уставноста и суверенитетот на Косово.

„Дијалогот треба да биде со Косово, а не за Косово. Дијалогот со Косово е дијалог на рамноправни партнери кој во регионот носи мир и стабилност. Косово излезе од дијалогот и направи болни компромиси за да ја стекне својата независност и ниту еден дијалог не може да расправа за неговиот неприкосновен статус“, нагласи Сахатчија на конференцијата за новинари во Приштина.

Извор: Бета

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот