ДПА на изборите ќе настапи со мотото „Преку врата доаѓа лето“

Менудх Тачи, лидер на ДПА, Фото: Архива

Според Мендух Тачи оваа понуда со истакнати професионалци, покрај досегашните познати платформата и програмата ја прави ДПА уникатна во однос на другите партии.

Демократската партија на Албанците (ДПА) го објави мотото „Преку врата доаѓа лето” со кое ќе настапи на предвремените парламентарни избори на 12 април. На градскиот плоштад во Тетово партијата одржа прес-конференција за ги претстави сите членови на новоизбраните партиски оддели и комисии.

– Иако на македонски тоа нема да функционира како што треба, ќе има експерти што ќе преведат. „Преку врата доаѓа лето” на албански има и рима. Ние сме спремни како ДПА не само со платформа и со програма туку сме спремни и со структура и со професионални структури кои ќе се појават денеска пред јавноста. Бараме од Албанците и од другите граѓаните да ни даваат мандат имаме сите експерти, спремни сме да преземаме одговорност и власт. Власта нема да ја преземе за да ја употребиме за себе туку преку таа власт ќе сакаме ако биде тоа возможно да им служиме на Албанците и на сите граѓани, рече партискиот претседател Мендух Тачи.

Според него оваа понуда со истакнати професионалци, покрај досегашните познати платформата и програмата ја прави ДПА уникатна во однос на другите партии.

– Една комплетна екипа на професионалци кои имаат и искуство кои можат да раководат со институциите на системот и да раководат со Владата на Република Македонија. Ова е еден од најважните фактори после програмата и платформата. Другите политички партии на Албанците не само првото што го немаат, мислам дека и второто веќе е јасно дека не поседуваат ресурси кадровски и професионални кои би раководеле со институциите, рече Тачи.

За евентуалните предизборни коалиции Тачи истакна дека е рано да се зборува.

– Не сакам предвреме да зборам, има можности на помали партии на Албанците и други асоцијации и второ овие луѓе што ги гледате тука уште двојно повеќе имаме професионалци кои сакаме да ги заштитиме од репресиите на другите политички партии особено ДУИ кои се на жалост 99 отсто од локална и централната власт. Не се само овие луѓе кои ќе ги раководат институциите, имам перфектни професионалци кои не сакаме да ги експонираме за да не бидат објект на репресија на ДУИ,  истакна партискиот лидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот