ДПА: Мнозинството во Германија е незадоволно од Шолц и неговата коалиција

Германците долго време се незадоволни од својата влада. А во новото истражување мнозинството ја критикуваше владата и канцеларот Олаф Шолц.

Според новото истражување, 58 отсто од граѓаните се незадоволни од работата на канцеларот Олаф Шолц.

Тие, меѓу другото, го обвинуваат и за немањето сила да ја води власта која ја тресат честите недоразбирања, пишува „ДПА“.

Коалициската влада функционира лошо, велат 62 отсто од испитаниците со право на глас во анкетата за јавниот сервис „ЗДФ“.

58 отсто се незадоволни од канцеларот. Тие, меѓу другото, го обвинуваат и за немањето сила да ја води власта која ја тресат честите кавги.

Шолц не покажа доволно лидерство во последните недели, велат повеќе од три четвртини од испитаниците.

Неодамна, коалицијата на социјалдемократите, зелените и либералите беше потресена од несогласување околу буџетот.

Предлог-законот за буџетот го предложи министерот за финансии Кристијан Линднер, кој е и претседател на либералните претприемачи.

Во анкетата 35 отсто се изјасниле дека виновни за кавгата се либералите, но исто толку одговорни се сите три страни.

Сепак, мнозинството од дури 74 отсто сметаат дека коалицијата и покрај назадувањето ќе опстои до есен следната година за кога се закажани редовните избори.

Истражување за „ЗДФ“ со учество на 1.344 лица го спроведе истражувачкиот центар Вален од 12 до 14 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот