ДПА: Министерството за култура е бастион за партиски проекти и вработувања

Според партијата на Тачи, објавувањето на резултатите од годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес за 2020 остава можност за сомнежи дека при распределувањето на средствата имало манипулации преку фаворизирање на проекти чии предлагачи се поврзани со партијата или со соработниците на кабинетот на министерот.

ДПА го обвини министерството за култура дека се што работи е од партиски интерес. Според нив партиски се и вработувањата и проектите. Според партијата на Мендух Тачи, Националната програма за култура како интегрален документ треба да ги почитува и да ги применува уставните начелата за слобода во творештвото и за еднаквоста на можностите во рамките на културата за сите граѓани на РСМ во однос за сите етнички заедници. Истовремено велат во ДПА програмата треба да овозможи децентрализација на системот и реално реорганизирање на институционалниот систем на администрацијата.

– Министерството за култура е претворено во бастион за вработување со договор за партиските војници на партијата на министерот за култура. Без јасен концепт за вклучување на овие вработени во соодветни сектори врз база на пропорционална систематизација било на вертикално или хоризонтално рамниште во оваа институција настанал вистински хаос од оние кои склучиле договор за дело а сега се соочени со неизвесноста за нивата иднина по изборите кои ќе се одржат на 12 април, велат во ДПА.

Според партијата на Тачи, објавувањето на резултатите од годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес за 2020 остава можност за сомнежи дека при распределувањето на средствата имало манипулации преку фаворизирање на проекти чии предлагачи се поврзани со партијата или со соработниците на  кабинетот на министерот.

– Ова лесно се воочува споредувајќи ги енормните финансиски средства наменети за здруженија или активности на овие предлагачи со средствата наменети за проектите на останатите предлагачи во истите полиња на дејност. Паѓа во очи фаворизирањето на уметниците кои се познати само на територијата на државата или ни толку во однос на уметниците познати и во меѓународната арена. Иако оваа програма веќе е усвоена, ги повикуваме сите љубители на уметноста посебно експертите од соодветните области да ги дадат своите забелешки во ревидирањето на оваа програма.  Коректниот третман на секоја уметничка дејност како што се културното наследство, уметничкото творештво во музиката, драмата, филмот и ликовната уметност,  издавачката дејност и др. се покажува како итна потреба, велат во ДПА.

ДПА најавува дека со своите политики преку принципот на пропорционална распределба на буџетот за уметниците ќе обезбеди недискриминирачки пристап. Ќе го воведе и принципот на вреднување и награда врз база на заслуги бидејќи само така ќе ги поткрепи вистинските вредности на уметничкото творештво исклучувајќи го секое фаворизирање надвор од овие критериуми.

Видео на денот