Дозвола за движење во полицискиот час ќе може да извадат и погребалните претпријатија и пекарите/бурекџилниците

ФОТО: Арбнора Мемети

Податоците потребно е да ги достават секој ден – најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работна седмица.

Согласно последните насоки на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење.

Дозволите се издаваат за вработените во органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства, а не можат да ги прилагодат според периодот на забраната за движење, како и за вработените во здравствените организации (вклучително и приватните) и општинските кризни штабови.

Органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства и општинските кризни штабови треба да достават неделни распореди за вработените за кои се потребни дозволите за движење, како и табела со следните податоци за вработените: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.

Општинските кризни штабови доставуваат податоци преку Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: [email protected].

Податоците потребно е да ги достават секој ден – најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работна седмица.

Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: [email protected].

За вработените во здравствените организации (вклучително и приватните), здравствените организации треба да се достават податоци за сите вработени лица: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон и меил. Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: [email protected].

Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење и за медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал), пекарите/бурекџилниците и погребалните претпријатија.

За медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал) се потребни следните информации:
– име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.

Оваа информација е потребна за секоја работна недела поединечно.

Образецот на табелата е во прилог на ова известување и е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на следната меил адресата: [email protected] најдоцна до денеска (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година).

За останатите работни седмици потребно е информациите да се достават секој ден најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работна седмица.

Дозволите ќе се издаваат на сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на ААВМУ (Регистар на печатени медиуми / Регистар на телевизии / Регистар на радија), како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми).

За пекарите/бурекџилниците се потребни следните информации:
– тековна состојба за правното лице, не постара од 6 месеци,
– фотографија од објектот во кој се врши дејноста,
– име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.

Образецот на табелата во прилог на ова известување, заедно со скенирана тековна состојба и фотографија од објектот е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: [email protected] .

За погребалните правни лица се потребни следните информации:
– име и презиме, матичен број, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.

Оваа информација е потребна за секоја работна седмица поединечно.

Образецот на табелата е во прилог на ова известување и е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: [email protected] најдоцна до денеска (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година).

За останатите работни седмици потребно е да ги достават секој ден најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работната седмица.

Сите погоре споменати правни лица потребно е веднаш да го известат Министерството за информатичко општество и администрација во случај на промени на неделните распореди на меил адресата: [email protected]

За вработените во медиуми кои извршуваат работни задачи во просториите на самиот медиум, како и за вработените во приватни фирми кои работат во смени (периодот меѓу 21:00 часот и 6:00 часот наредниот ден), работодавачот е потребно да го извести Државниот инспекторат за труд и на овие вработени им издава потврда во рамки на самата организација.

Во прилог образец/потврда, што секој работодавач во приватна фирма треба да го издаде за вработените кои е неопходно да работата во смени, односно после 21:00 часот. Образецот, вработениот има обврска да го покаже при идентификација, на службеното лице од Министерството за внатрешни работи.

Овие обрасци служат како дозвола за движење единствено од домот до работното место и назад.


Образец за дозвола

Образец табела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот