Дознаваме: Богатинов и наредната сезона во Етникос Ахна! – Слободен печат
СпортФудбал

Дознаваме: Богатинов и наредната сезона во Етникос Ахна!

Голманот Мартин Богатинов и во наредната натпреварувачка сезона 2019/20 ќе настапува за кипарскиот фудбалски клуб на Етникос Ахна.

Богатинов ексклузивно за „Слободен печат“ изјави дека имал понуди и од други кипарски клубови, но останува верен на Етникос.

– Да, останувам и наредната сезона во Етникос Ахна. Имав понуди од други клубови и минатата година кога клубот беше во втората кипарска лига, тогаш одлучив да останам и помогнам во борбата за враќање во првата лига. Таа цел ја остваривме, така што нема смисла да ја менувам средината – ни изјави Богатинов.

Во минатата натпреварувачка сезона 2018/19 Етникос Ахна го освои првото место во втората кипарска лига со 71 бод.

– Сега имав понуди од неколку кипарски клубови, но себеси се гледам во Етникос. Четири сезони сум тука, така што ќе продолжам и во наредната сезона 2019/20 – додаде голманот Богатинов.

Своевремено настапуваше за Силекс, Цементарница, Вардар, Тетекс, Работнички, Карпати Лвив и Ермис Арадипу, а секако има и мечеви за најдобрата македонска репрезентација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close