Дознала дека е бремена 50 минути пред да се породи: Цело време пиев таблети за контрацепција

Фото: Инстаграм/Хана Вајолет

Хана Вајолет (24) е самохрана мајка на девојче (4), која на платформата Тик-ток редовно објавува сè за ненадејното раѓање на нејзината ќерка. Имено, таа дознала дека е бремена 50 минути пред да се породи.

Бременоста ѝ била вистинско изненадување бидејќи цело време пиела таблети за контрацепција. Таа објаснила дека едно утро се разбудила со болки во стомакот и грбот, а нејзините итно ја однеле во болница, сомневајќи се на воспаление на слепо црево.

Кога пристигнала во собата за итни случаи, бргу станало јасно дека е пред породување.

„Тато ме најде во бањата, додека се грчев од болки. Се јавија на Итна медицинска помош и ни рекоа дека можеби имам воспаление на слепо црево. Стигнавме во болница, каде сакаа да ми направат крвна анализа, но имав толку многу болки што тоа не беше можно“, раскажува Хана во видеоснимката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by han 🦋✨ (@h.anviolet)

Станувало сѐ поочигледно дека Хана, која тогаш имала околу 20 години, требало да се породи.

„Дојдовме во болница, каде сакаа да ми извадат крв, но премногу ме болеше за да останам мирна. Две секунди подоцна, мене ми пукна воденикот и тогаш ми рекоа дека сум почнала да се породувам. Ги одведоа моите родители во друга соба да им објаснат што се случува, да им кажат дека ќе бидат баба и дедо“ раскажува таа.

Хана побарала од лекарите да ѝ дозволат на мајка ѝ да биде покрај неа за време на породувањето, а татко ѝ останал во чекалната и му се јавил на брат ѝ за да го извести за неочекуваната ситуација.

„Педесет минути подоцна, јас родив девојче и сега сум самохрана мајка на здраво четиригодишно дете“, вели таа.

@h.anviolet That’s one way to get yourself banned from microgynon #ididntknowiwaspregnant #crypticpregnancy #crypticpregnancyawareness #pillbaby ♬ DONT USE NOT TV – eversincecorneliastreet

Патем, се чини дека Хана има измешани искуства во врска со медицинскиот тим кој бил задолжен за грижата за неа.

„Родив педесет минути откако дознав дека сум бремена, а потоа морав да поминам два дена во болница, заедно со бабици кои немаа никаква поддршка“, споделила Хана во едно од нејзините видеа на Тик-ток.

Но, во друго видео таа ѝ се заблагодарила на медицинската сестра која се грижела за неа.

„До медицинската сестра која остана со мене цело време откако дознав дека сум бремена и која ми помогна при породувањето: Никогаш нема да те заборавам“, вели таа, а пренесува „Сан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот