8 C
Скопје

Дознајте зошто не треба да ги фрлите семките од лимон!

Ова овошје со задоволство го користиме во исхраната или во козметиката, и тоа главно неговиот внатрешен дел или кората…. Но дали знаевте дека и семките од лимонот се исто така богати со етерични масла и витамин Ц, аминокиселини, па дури и со природна ацетилсалицилна киселина?

Фото: Unsplash

За отстранување болка: Од 13–15 крупни семки од свежи зрели лимони отстранете ја лушпата, јатките иситнете ги, исушете ги на сонце, изгмечете ги во аван или сомелете ги во мелница за кафе. Правот сипете го во шише со темно стакла и прелејте го со 100 мл вотка. Протресете го неколкупати, оставете го на темно место да отстои од седум до десет дена, па исцедете го.

Прочитајте и...  ФОТО| Се појави, па исчезна: Ново домашно видео од бремената Северина и поранешниот сопруг

Во случај на главоболка, скокање на притисокот, промена на времето, зголемен умствен и емоционален напор, стрес, запек: земајте по една лажица 20–30 минути по јадења два-три пати дневно. Или изедете половина лажиче сув прав и полејте го со 150 мл вода. Болката, по правило, исчезнува по 15 минути.

Проблематична кожа и акни: Мрсната кожа истријте ја со тинктура со вотка. Доколку кожата ви е сува, правот разблажете го со вода и во облик на маска нанесувајте го на проблематичните делови. Не заборавајте да ставите заштитна крема за сончање кога користите лимон на кожата, како и да се консултирате со дерматолог.

Фото: Unsplash

Габички на ноктите: Две лажици прав прелејте со литар вода. Правете топли бањи двапати дневно. По процедурата ноктите исушете ги и намачкајте ги со масло од чајно дрво.

Прочитајте и...  Дневен хороскоп за 3 декември: Вашата креативност моментално е на врвот

Чистење од токсини и паразити: Пет-шест иситнети суви семки сварете во 100 мл вода или млеко. Исцедете го, па една недела пијте топол одвар трипати дневно, половина час пред јадење. Процедурата повторете ја по две недели.

Контраиндикации: алергија, бременост и период на лактација, гастритис со зголемена киселина, чир на желудникот и дванаесетпрсното црево, синдром на нервозни црева, непроодност на гастроинтестиналниот тракт, варикозно проширување на вените, флебитис, атеросклеротични наслаги на ѕидовите на крвните садови.

 

Поврзани вести

Неда Украден не помислува да се пензионира: Едвај чека да помине пандемијата и пак да настапува

Слободен печат

Доколку од заразите не ви е преку глава, пристигнува нова серија за Бубонската чума

Слободен печат

ФОТО: Доктор откри трик кој спречува стаклата на очилата да ви се замаглуваат додека носите маска

Слободен печат

ФОТО| Топ 5 комбинации од Александра Шијакоска кои мора да ги имате во вашиот плакар!

Васко Спасовски

Купиле куќа од ерата на Прохибицијата: Во ѕидовите пронашле 66 скриени шишиња виски

Слободен Печат

Се роди бебе од 27 години стар ембрион: Две години е помладо од мајката!

Слободен печат

Остави Коментар