Дознајте кои се трите клучни секс-зборови

Сексуалното образование во училиштата е повеќе од сиромашно. Се запрашав: што ќе сакав да дознаaм на часовите, а го научив по потешкиот пат, правејќи грешки во животот? Одоздола е одговорот на моето прашање, а потоа им го поставив и на моите другарки. Еве ги нашите „секс-мудрости“ од прва рака…

И жените сакаат секс!

Првпат се сретнав со поимот ерекција на часот по биологија. Учевме дека врз основа на ерекцијата можеме да препознаеме дали мажот сака секс. А што е со жената и со нејзината желба? Дали некој некогаш ни зборувал на часовите за потенцијалните начини на кои жената ја демонстрира желбата за секс? Се разбира дека не. Кога наполнив 15 години, ми беше кажано да бегам од момчињата што „те брзаат“, на 17 се прашував каде се тие момчиња, дали некој го има нивниот телефонски број?! Замислете, жените сакаат секс еднакво како и мажите! И тоа е сосема легитимно. Сексуалната желба не нè прави лесни жени.

Не, мажите не се секогаш расположени за секс

Кога првпат се најде во ситуација момчето да ѝ каже дека не е расположен за секс, Мина беше очајна. Беше убедена дека мажите постојано се расположени за секс и дека со тоа што не сака со неа, всушност планира да ѝ раскине. Да ѝ беше претставена помалку стереотипно машката сексуалност на часовите по биологија, Мина ќе заштедеше часови и часови неутешно плачење што следуваа по таа случка, а нејзиното момче можеби ќе собереше храброст да ѝ ги довери проблемите што го мачеа и кои му го уништија либидото во тој миг.

Комуникацијата е клучот за добар секс

Кога своите најрани сексуални искуства ги набљудува од сегашна перспектива, на Сања ѝ изгледаат просечно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот