Доживотна забрана за летање на пилот од Кина кој повика друштво во својата кабина

Фото: Принтскрин/WEIBO/BBC

Пилот од Кина доби забрана за летање откако на Интернет се појави фотогорафија каде може да се забележи женски патник во неговата кабина. Фотографијата е направена во јануари на летот на компанијата „Ер Гуилин“ од Гуилин до Јангжу сити, информираа државните медиуми, но таа повторно стана вирална оваа недела, што ја принуди авиокомпанијата да преземе чекори, објави Би-Би-Си.

На фотографијата може да се забележи девојка како позира во пилотската кабина, додека до неа има различни пијалоци. Во соопштение, од „Ер Гуилил“ рекоа дека пилотот ги прекршил безбедносните регулативи за летање.

„Фала на капетанот“

Фотографијата првично се појави на популарната кинеска мрежа Веибо, каде девојка позира и со прстите ја покажува латиничната буква „В“ (V), со описот: „Фала му на капетанот, многу сум среќна“. Се шпекулира дека девојката е на тренинг за стујаредеси на универзитетот во Гуилин.

Од авиокомпанијата не посочија дали фотографијата е направена за време на лет, но други кинески пилоти и аналитичари велат дека таа е фотографирана додека авионот бил во воздух.

Пилотот, чие име не е објавено, доби доживотна забрана за ракување на авион, иако сѐ уште не е посочено дали е отпуштен од сите функции во авиокомпанијата.

Според Цивилната авијациска администрација на Кина, на патниците не им е дозволено да влегуваат во пилотската кабина без специјална дозвола или во „неопходни случаи“. Другите членови на екипажот кои биле вклучени во инцидентот се „суспендирани на неодредено време“, додека трае истрагата.

Минатата година, кинеската авиокомпанија „Донгаи Ерлајнс“ суспендираше пилот на шест месеци и ги повлече неговите квалификации како инструктор откако ѝ дозволи на својата сопруга да влезе во пилотската кабина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот