Доживотен затвор за поранешен министер во Виетнам кој земал мито во вредност од 3,2 милиони долари

Фото: Профимедиа

Поранешен министер за информации и комуникации во Виетнам е осуден на доживотен затвор, бидејќи примал мито од 3,2 милиони долари, пренесува „Б92“.

Оваа информација ја пренесоа државните медиуми, потсетувајќи дека тоа е еден од најголемите случаи во кампањата против коруција која ја спровела комунистичката власт во земјата.

На Нгујен Бак Сон, кој бил министер од 2011 до 2016 година, му се заканувала смртна казна, но ја избегнал поради тоа што во петокот ги вратил парите.

Тој заедно со својот тогашен заменик министер се обвинети дека земале мито за да ѝ одобрат на една јавна компанија за телекомуникации купување на приватна телевизиска мрежа која имала големи загуби. Тоа купување на крајот е откажано, а државата претрпела штета од неколку милиони долари.

Виетнамските медиуми пренесоа дека судењето на двете поранешни официјални лица, некогаш членови на моќниот Централен комитет на Комунистичката партија, траело две недели во судот во Ханој. Двајцата се уапсени во февруари.

Сон е осуден на доживотен затвор, а неговиот заменик на 14 години. Поранешниот министер пред судот признал дека направил лоша постапка, додека неговиот заменик рекол оти „се срами“ поради грешката.

Во склоп на аферата се осудени вкупно 11 лица. Сите добиле казна од две до 23 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот