Доживотен затвор за медицинска сестра која уби седум воени ветерани во САД

Рета Мазе (46) во јули призна вина за седум убиства и обид за убиство на друго лице, со што избегна понатамошна истрага за уште десетина сомнителни смртни случаи. Обвинетата, која денес за прв пат се соочи со семејствата на жртвите во судницата, рече дека и е жал за болката што ја предизвика.

Медицинска сестра во САД денес е осудена на доживотен затвор за убиство на седум воени ветерани, на кои намерно им вбризгала смртоносни дози на инсулин.

Рета Мазе (46) во јули призна вина за седум убиства и обид за убиство на друго лице, со што избегна понатамошна истрага за уште десетина сомнителни смртни случаи. Обвинетата, која денес за прв пат се соочи со семејствата на жртвите во судницата, рече дека и е жал за болката што ја предизвика.

Нејзиниот адвокат рече дека „ја изгубила можноста јасно да препознае“ поради проблеми со менталното здравје. Тој додаде дека таа страда од посттрауматски стрес поради нејзината работа во Ирак и изјави дека била изложена на стрес поради ноќните смени во болницата за воени ветерани во Западна Вирџинија.

Судијата оцени дека нема објаснувања и уште помалку оправданост за тие злосторства.

„Вие сте чудовиште што никој не го забележа“, остро рече судијата, кој го осуди на доживотен затвор за секоја жртва поединечно.

Медицинската сестра призна дека од јули 2017 година до јуни 2018 година инјектирала инсулин на воени ветерани на возраст од 81 до 96 години, кои не биле дијабетичари.

На почетокот, смртта на тие ветерани се чинела природна поради староста, но на крајот, еден лекар забележал нешто сомнително и го пријавил случајот во судот, кој пак наредил обдукција на жртвите.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот