Доживеа инфаркт поради Црвена звезда, сега се јави од болница

Црвена звезда втора година по ред ќе игра во групната фаза во Лигата на шампионите, но реванш средбата од плејофот против Јанг бојс да биде последна за навивачот Душан Ристиќ. Тој веднаш по завршувањето на натпреварот доживеа два инфаркти, едниот на излезот од стадионот, а другиот неколку километри подалеку.

Ристиќ по вториот инфаркт беше итно пренесен во болницата во Земун, а неколку денови подоцна, откако состојбата се стабилизира е префрлен во болницата Ваљево. Токму од родното Ваљево, Душан Ристиќ се јави преку социјалните мрежи за да ги смири пријателите и навивачите на Црвена звезда кои беа загрижени за неговото здравје.

– Инфарктот ме погоди на самиот излез од Северната трибина, мислам дека тоа беше првиот удар, а потоа и вториот кај Раковица и тука ме презеде Итната помош и ме однесоа во болница во Земун. Сега се чувствувам одлично и утре треба да бидам отпуштен од болница но не плашам дека завршив со натпреварите за оваа година. Замислете да ја следам Црвена звезда против Баерн – изјави Душан Ристиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот