ДОЖДОВИТЕ ПРАВАТ ХАОС ВО ИНДИЈА: Илјадници луѓе останаа без домови, повеќе од 50 мртви

Фото: EPA

Големи дождови на север и исток во Индија со сѐ поголем интензитет погодиле околу 4,5 милиони луѓе, додека илјадници останале бе домови, соопштуваат тамошните власти.

Околу 51 лице од средата па досега загинале во несреќите предизвикани од големите поплави во седум индиски сојузни држави.

Во последниот инцидент во неделата, во Прадеш, загинале шест војници и двајца цивили поради рушење на зграда, соопштуваат од полицијата.

Метеоролошкиот завод прогнозира нови врнежи за следните два дена во североисточниот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот