Дождот не ги запре учесниците во дедомразовската трка (ГАЛЕРИЈА)

фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Во центарот на Скопје денеска се одржа традиционалната „дедомразовска трка“, а на која учество земаа околу стотина лица облечени во дедомразовски костуми.

Патеката беше во должина од два километри, а стартот и финишот беа на Плоштадот Македонија. Инаку „дедомразовците“ трчаа кон Порта Македонија, Парк Жена Борец, Холидеј Ин, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.

Како што и претходно објавивме трката ја организираше здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“, со поддршка на „Coca-Cola“ и градот Скопје.

[foogallery id=”150465″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот