Дождот ја подобрува ситуацијата со водостојот на Охридското Езеро

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Водостојот на Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,15 метри надморска височина, што е 25 сантиметри под месечниот просек и пет сантиметри над минимално дозволените 693,10 метри надморска височина.

Тоа е подобрување доколку се има предвид исклучително неповолната хидролошка состојба предизвикана пред се од долготрајни сушни денови и мошне малку врнежи за овој период од годината. На крајот на ноември нивото на езерото беше дури на 693,09 м.н.в. или сантиметар под дозволениот минимум.

Подобрувањето на ситуацијата е последица на дождот што го зафати регионот изминатите денови, при што во охридскиот регион само последните 24 часа наврнаа 23 литри на квадратен метар.

Температурата на езерската вода измерена утрово во 7:30 часот е осум степени, што е за еден степен повеќе од просекот за овој период од годината.

Според прогнозите и наредниот период се очекуваат врнежи од дожд, локално и до 20 литри на квадратен метар  што секако ќе ја подобри неповолната хидролошка состојба. Сушниот период и нискиот водостој на реките и езерата изминатиот период ги натера надлежните институции да наложат забрана на производството електрична енергија од посточеките хидропотенцијали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот