Дождот диригира, ништо од тенис на „Ролан Гарос“

twitter.com/rolandgarros

Дождот кој што владее во текот на целиот ден им направи големи проблеми на натпреварувачите на „Ролан Гарос“ во машка и женска конкуренција.

Новак Ѓоковиќ требаше да ги одмери силите против Александар Зверев во борбата за пласман во полуфиналето. Веќе е позната една полуфинална двојка, Рафаел Надал-Роџер Федерер.

На теренот не се појавија ниту тенисерките Симона Халеп и Аманда Анисимова, чиј меч беше планиран пред оној меѓу Ѓоковиќ и Зверев.

Се очекува дождливо да биде и во вечерните часови, па така сите денешни дуели се поместени за в четврток.

Освен споменатите двојки, Австриецот Тим треба да игра против Русинот Хачанов, а Барти од Австралија се соочува со Американката Кијз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот