Дожд од голови во Серија А: 16 гола на два натпревари (ВИДЕО)

twitter/AS Roma

Коронавирусот не им може ништо на фудбалерите на Аталанта кои денеска го понижија Лече победувајќи го со 2:7.

Првото полувреме донесе неизвесност, на двата гола на стартот од Аталанта, домаќините одговорија во пред финишот на полувремето, за во второто полувреме гостинските фудбалери да покажат зашто се едно од најголемите изненадувања во фудбалска Европа.

Гостите од Бергамо постигнаа пет гола во вториот дел и се зацврстија на четвртото место на табелата со 48 бода, три повеќе од Рома која има и натпревар повеќе.

Во вториот денешен натпревар, Рома со 3:4 славеше на гостувањето кај Калјари со што дојде до втората победа по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот