„Дожд“ од голови во Фиренца: Елмас дебитираше во Серија А! (ВИДЕО)

Екипата на Наполи го започна шампионатот во Италија со победа, во дуел исполнет дури со седум погодоци славеше вицешампионот на гостувањето кај Фиорентина со 3:4 (1:2).

Прекрасен отворен фудбал од двете страни, немаше да биде незаслужено доколку на крајот и „виолетовите“ ги освоија трите бода.

Кај домаќините настапија две звучни имиња кои дефинитивно можат да помогнат за висок пласман во Серија А сезоната, станува збор за Боатенг и Рибери.

Успешен старт имаа домаќините со водство преку Пулгар од пенал, но „наполитанците“ за период од пет минути се вратија и направија пресврт благодарение на Мертенс и Инсиње.

Продолжи неизвесноста во второто полувреме, за нов егал се погрижи Миленковиќ, па Каљехон стрелаше во 56 минута, а само четири минути после неговото влегување во листата на стрелците со еден прекрасен удар се запиша Боатенг во 65 минута.

Прочитајте и...  Шоуто на прес конференцијата му направи проблем на Конте, Интер му подготви замена

Но, само 120 секунди подоцна Каљехон убаво го пронајде Инсиње кој со својот втор погодок на дуелот го постави конечниот епилог.

Во 72 минута следуваше влегувањето на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас како замена за Алан што значеше и официјално деби во Серија А. Нашиот играч донесе стабилност во средниот ред, со прецизни додавања до своите тимски колеги. Може да биде закана и во нападот, а покажа и некој дриблинг плус. Евидентно е дека тренерот Карло Анчелоти „експериментира“ со него поставувајќи го на различни позиции и се обидува да ја пронајде неговата вистинска улога на теренот. Секако ова е само почеток на сезоната, Анчелоти внимателно ќе го следи неговиот развој, а во следното коло Наполи повторно гостува овојпат кај шампионот Јувентус на 31 август.

Прочитајте и...  Роналдо ги реши дилемите околу својата иднина: Одите по моето трето Скудето

Кога сме кај бранителот на титулата, исто така стартуваше триумфално кај Парма минимално со 0:1. Стрелец на единствениот погодок за „Старата дама“ беше Кјелини во 21. минута од средбата на „Енио Тардини“.

Прочитај повеќе

Една контрола помалку за вардарци, откажан турнирот во Кањижа

Слободен печат

Грег Попович повторно дели лекции против расизмот во САД

Слободен печат

Англичаните воведоа ново правило: Кој кашла кон противникот добива црвен картон

Слободен печат

Јунајтед доби седум дена да одлучи дали ќе го купи Санчо

Слободен печат

Перез смисли нов план за „кралска“ доминација, во наредните две години пристигнуваат четворица „галактикоси“,

Слободен печат

Дали е реално, Конте сам си мести отказ за да седне на клупата на друг италијански тим

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Адеми во тимот на сезоната во Хрватска

Слободен печат

Дали ова е местенка на годината, погледнете како изгледаше натпреварот од австриската втора лига (ВИДЕО)

Слободен печат

Супермаркет во Арсенал, Артета стави девет фудбалери на продажба

Слободен печат

Кошаркарот кој не клечеше при интонирање на химната доживеа тешка повреда (ВИДЕО)

Слободен печат

Моќна игра на Вестбрук во дербито со Милвоки и Јанис (ВИДЕО)

Слободен печат

Пандев и Џенова и во наредната сезона ќе играат во Серија А (ВИДЕО)

Слободен печат