Дожд, грмежи и засилен ветер во северните и источните делови

Фото: Профимедија/илустрација

УХМР најавува дека до крајот на денов во северните и источните делови од земјава ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта ќе биде променливо облачно на места со врнежи од дожд и ретки грмежи.

Во изминатите девет часа до 17 часот попладне во Штип наврнале осум литри дожд на метар квадратен, пет  во Скопје-Зајчев Рид, два во Крива Паланка, еден во Прилеп, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Попладне имаше развој на нестабилна облачност во подрачјето околу Крушево, Македонски Брод и Прилеп, како и во севеористочните делови од земјава, помеѓу Куманово, Крива Паланка и Кратово, претежно во планинските подрачја, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Подоцна попладнево нестабилно беше и во подрачјето на Штип, Делчево и во делови од Скопската Котлина.

УХМР најавува дека до крајот на денов во северните и источните делови од земјава ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта ќе биде променливо облачно на места со врнежи од дожд и ретки грмежи.

Утре ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот