Дожд, град и грмежи – Какво време нѐ очекува во наредните денови?

Времето во земјава денеска ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд, на места обилни, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура од 10 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Утринската температура во Скопје ќе достигне до 13 степени, а дневната температура до 20 степени.

Под влијание на серија влажни бранови, во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период).

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и потопло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот