Доверливиот материјал пристигна, право на глас во Куманово имаат 92.167 гласачи

Во моментов се врши интензивна дезинфекција на избирачките места која ќе се спроведува и за време и по завршувањето на гласањето

Право на глас во Куманово имаат 92.167 гласачи. Pретседателот на ОИК Куманово, Драган Јовановски информираше дека 167-те избирачки одбори се подготвени за спроведување на изборите.

Доверливиот изборен материјал е пристигнат, во моментов се врши интензивна дезинфекција на избирачките места која ќе се спроведува и за време и по завршувањето на гласањето.

Според податоците на ОИК Куманово, на 13 јули ќе гласаат 12 заболени од Ковид 19 и 19 лица во самоизолација. Гласањето ќе го спроведуваат два избирачки одбори составени од здравствени работници. На 14 јули пак, гласаат 189 болни и немоќни лица кои доставиле уредна и комплетна документација. Тој ден ќе гласаат и корисниците на Домот за стари лица „Зафир Сајто” како и затвореници од затворот Куманово во Кшање.

Прочитајте и...  Бразил: Над 3 милиони заразени од коронавирус и повеќе од 100.000 починати

Претседателот на ОИК – Липково, Лирим Јашари информираше дека во општината, право на глас имаат 25.632 гласачи кои ќе гласаат на 36 избирачки места. На 13 јули ќе гласаат шест лица заболени од Ковид 19 и во самоизолација. Во вторникот, на 14 јули ќе гласаат 330 болни и немоќни лица.

Од ОИК – Старо Нагоричане право на глас имаат 3.322 лица кои гласаат на 36 избирачки места, а процесот ќе го спроведуваат 38 избирачки одбори.

Претседателот на ОИК – Старо Нагоричане, Драган Јовановски информираше дека во општината на 13 јули ќе гласаат три лица заболени и во самоизолација, додека наредниот ден ќе гласаат 11 болни и немоќни лица.

 

Прочитај повеќе

Во Унгарија 43 нови случаи на коронавирус, нема починати

Слободен печат

Бразил: Над 3 милиони заразени од коронавирус и повеќе од 100.000 починати

Слободен печат

Тензии во Белорусија: Лукашенко ја напушти земјата и покрај победата, војската излегува на улиците (ВИДЕО)

Слободен печат

Ковид-19 ги одложи иселеничките средби во Делчевско

МИА Агенција

Автолитии од Бијело Поље до Бар: Колони автомобили на протест ширум Црна Гора

Слободен печат

Бил Гејтс со нова прогноза: Пандемијата за богатите ќе заврши до крајот на 2020 година, за останатите ќе потрае уште цела година

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Две семејства се тепаа пред Градска болница, интервенираше и полицијата (ВИДЕО)

Слободен печат

Директорката Сотирова Бухова во самоизолација поради контакт со заболен член од семејството

Слободен печат

Затворени гласачките места во Белорусија: Прелиминарните резултати ја покажуваат доминацијата на Лукашенко

Слободен печат

Повеќе од 5 милиони заразени од коронавирус во САД

Слободен печат

Кириакидес: Вакцината за коронавирус би можела да биде достапна до крајот на годината

Слободен печат

Во Бејрут втор ден насилни протести, пожар пред парламентот, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Слободен печат